УЧЕНИЦИТЕ – ИДНИ МЕДИЈАТОРИ

Obuka na ucenici za medijatoriУченици од СОУ „Орде Чопела“, „Мирче Ацев“ и „Кузман Јосифоски – Питу“ имаа обука за училишна и врсничка едукација под покровителство на ОБСЕ. Професорките Анита Бунеска и Мануела Котеска се фокусираа учениците да научат дека училишната медијација е алтернативен начин за решавање на спорови, преку која се зајакнува социјалната одговорност. На крајот учесниците стекнаа титула, медијатор, која íм нуди шанса да посредуваат при конфликти меѓу врсниците, откако во секое училиште ќе се формираат клубови.

Обуката се состоеше од теоретски и практичен дел преку играње улоги. Учениците се чувствуваат самоуверено и одговорно, подготвени да се снајдат во секоја ситуација и да ги смират спортиставените страни.

Со нетрпение се очекува отворање на клубови да се дејствува и да се редуцираат судирите. Медијацијата е потребна, бидејќи се случуваат недоразбирања меѓу учениците.

– Со медијацијата, страните сами доаѓаат до подобрување на училишната клима, зголемување на самодовербата и менување на начинот на разбирање и решавање на конфликтите. Се обезбедуваат можности за подобрување на меѓучовечките односи. Учениците пробаа да бидат медијатори – вели Бунеска.      

Loading