ДРЕСОВИ, ШОРЦЕВИ…, ЗА СПОРТСКАТА АКАДЕМИЈА

Nova oprema za efikasna nastavaСпортските гимназијалци се облекоа во нова спортска опрема, што е подарок од Фудбалската федерација на Македонија. Радоста беше поголема, бидејќи опремата ја предаде претседателот Илчо Ѓорѓиоски. Дресовите, шорцевите, чорапите и ЈАКО фудбалските топки се добредојдени за полесно совладување на тајните на фудбалската игра на академците. Заедно со новиот терен од вештачка трева кај старата Зоолошка градина, создадени се идеални услови за напредок на гимназијалците кои се ориентираа фудбалот да им биде професија.

Loading