ОУ „Блаже Конески“
Покрај посетата во Седларе, Србија, дел од учениците на ОУ „Блаже Конески“ докажаа дека се сезнајковци во сите области и на меѓународниот симпозиум за е- учење. По посетата на научниот саем за млади научници и природници на природните науки, каде íм беа презентирани научни истражувања, достигнувања од областа на физиката, хемијата, математиката, учениците ја продолжија ,,авантурата на откривање,, на стадионите на Маракана во Белград. И машкиот и женскиот дел од ,,експедицијата Конески,, останале без здив од грандиозниот спортски објект. Паднале воодушевувања откако се згазило на тревата како ќилим, каде мајсториите ги покажуваат фудбалерите на омилениот фудбалски клуб Црвена Звезда. Воздишки имало и од влезот на стадионот на ЈНА, каде фудбалски мегдни бие Партизан. Од ќеф, децата трчале 400 м.
На научната екскурзија децата се поклониле на гробот на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, во куќата на цвеќето.
Патронат
Училиштето кое го носи името на поетот, прозаистот и творецот на македонскиот јазик, Блаже Конески, го одбележа патрониот празник. Положија цвеќе пред споменикот во центарот на градот, и децата рецитираа стихови од патронот. Заедно со наставниците ја посетија спомен куќата во селото Небрегово, а централна манифестација беше свечената академија. Имало и посна закуска.