СТРЕЛАШТВОТО ВО ГЕНИТЕ НА БРАЌАТА АНГЕЛЕСКИ

Po tatkovite stapki brakata AngeleskiБраќата Кристијан и Мартин Ангелески меѓу стотината учесници, потчно рекордниот број пријавени 98 учесници, на државното меѓуучилишно првенство во стрелаштво, беа прваци во категориите – средношколци и основци.

Кристијан, инаку ученик во четврта година во спортската гимназија во СОУ “Ристе Ристески – Ричко”, тргнал по стапките на таткото Илија, не само во школувањето, туку и во дисциплината стрелаштво. Уште од 9 години се запишал во клубот Херој Прилеп кај тренерот, познатиот стрелец Трајче Дамески. Толку е вешт со пушката, што бил дури и трократен државен првак. 

– Стрелаштвото бара смиреност и прецизност. Сите велат дека не е тежок спорт, но кој не пробал, не може да знае. Напорно е, но постигнатиот успех дава чувство на олеснителност – вели вештиот стрелец, кој ги сака и пливањето и одбојката.

Ангелески е благодарен на директорот Жарко Темелкоски за интересот и финансиската поддршка на младите и надарени спортисти.

{AG}381/strelastvo{/AG}

Помалиот брат, Мартин, од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” првото натпреварување му било бериќетно. Ја прифатил идејата од наставникот Благојче Илиески и стигнал до државна награда. Рака за подготовките му пружил искусниот брат Христијан, со кого тренирал за освоената победа. Тоа му е поттик на седмоодделенецот и за поголем ангажман во стрелаштвото.

– Ме научи како да дишам правилно додека ја држам пушката во рака. Ми покажа и трикови за прецизност, но и да бидам трпелив – вели малиот Ангелески.

Во женска категорија меѓу основците најдобра била шестоодделенката Ирина Јованоска од ОУ “Добре Јованоски”.    Победниците како стрелци од поновите генерации, за уште поголеми успеси, се надеваат на финансиска поддршка за подобри услови за тренирање. 

Loading