ХУМАНОСТА НА ДЕЛО, ОД ДЕТЕ ЗА ДЕТЕ

ОУ „Гоце Делчев“

Od drugarce za drugarce donirame obleka i obuvkiНа иницијатива на учениците, кои инаку се членови во подмладокот на Црвен крст, со координација на одговорниот наставник Виолета Пепељугоска, во ОУ “Гоце Делчев” се спроведе хуманитарна акција за собирање облека и обувки за семејства со понизок социјален статус. Водени од хуманоста, целта им беше да ги ублажат социјалните потреби на децата во овие семејства, обезбедувајќи помош и услуги на ранливото население. Затоа и акцијата ја насловија “Од детето, за детето”. Дека детското срце е најголемо, го покажаа учениците донирајќи различна облека и обувки за повеќе возрасти, во што беа поддржани и од родителите. Донираните алишта и обувки, ќе бидат поделени во соработка со Црвен крст. 

Loading