ЕМ ДОМАЌИНИ, ЕМ ЛИДЕРИ НА СИТЕ СТРУКИ

СОУ „Орде Чопела“

SOU Orde Copela se zaktija so titula lideri na site   strukiНа државниот натпревар Лидер, СОУ „Орде Чопела“ не само што беше домаќин на организацијата, туку и победник. Учениците не само што учествуваа во сите образовни профили и струки од прехрамбената струка, туки и во сите, освоија и награди. Апсолутни победници беа во профилот очна оптика, освојувајќи ги сите три места.

– Во сите струки, учениците зедоа награди што е голема чест и гордост. Благодарна сум на менторите за ангажманот и вложувањето во образованието на учениците – вели директорката Анита Ѓорѓиоска.

Титулата лидер í припадна на Барбара Башеска под менторство на Каролина Дамјаноска и Александра Стојческа Трајческа. Водена од истите професори, Викторија Димоска го освои второто место, а зад неа беше Сара Стеваноска под менторство на Ангела Петреска.

– Интензивно се подготвувавме со менторите и ова е многу значајно признание за мене и за нашето училиште, бидејќи докажавме дека сме најдобри оптичари во државава – додаде лидерот Барбара Башеска.

Натпреварите од земјоделската и градежната струка се изведуваа во Св. Николе и Скопје.

Кај ветеринарите, одамна е познато дека нема пораз во натпреварите. На туѓ терен во Св. Николе, веќе докажаниот ученик Спиро Божиноски уште еднаш ги докажа своите теоретски и практични знаења од ветеринарството, закитувајќи се со титулата лидер со менторот Игор Галоски.

– Признанието е доста значајно, оти го потврдува вложениот труд во изминатите четири години и доказ дека теоријата сум ја совладал и ја применувам на дело – вели Божиноски кој во практичниот дел од тестот вршел преглед на крава и апликација на лекови, што без проблем ги изведува и на училиште.

Во хемиско технолошката струка, Ивана Петреска со менторите Каролина Боцеска и Билјана Апостолоска беше второ наградена во профилот прехранбен техничар. Предводена од професорот Василчо Стеваноски, во градежно-геодетската струка Николина Ристевска го зазеде второто место. Под раководство на Камче Бошкоски и Ружица Јагуриноска, Сандра Јакимоска го освои второто место во хортикултура, а Ферат Амедоски беше трет меѓу техничарите за фармерско производство.

Loading