ПРВАЧИЊАТА ГО „НАПАДНАА“ ДИРЕКТОРОТ

ОУ „Климент Охридски“

Edvaj se sobraa  prvacinjata kaj direktorotУбава глетка во канцеларијата на директорот на ОУ „Климент Охридски“, Дарко Јовески, беа насобраните првачиња од I-3 одделение. Се беа “стуткале” околу првиот човек, окупирајќи го бирото, што ни апаратот не можеше да ги „фати“, сите 34.

Целта на посетата е запознавање со институциите и органите во училиштето. Се запознаа и со психологот, педагогот, благајникот, а свратија и во наставничката канцеларија. Најмногу се воодушевија од важноста на функцијата на директорот на училиштето, откривајќи ги неговите обврски. Среќни беа оти ги пречека со насмевка. 

Loading