Мудрец над мудреците
Чудотворец над чудотворците
Просветител над просветителите.
Твоето слово – пламен е на вечниот пат
Твојата мудрост – сончев светол зрак,
со тебе македонската книжевност оживува пак.
Со мисија во Кутмичевица, за солунското дело,
основал книжевна школа
за да го овековечи творештвото цело.
Охрид – тој древен град на писменост и култура
вечен е показ дека КЛИМЕНТ –
е спасителот наш, за него се бори.
За светлината што ти ни ја дари,
ѕвездопис на синиот свод се ткае,
верувај КЛИМЕНТЕ, ова мора секој да го знае!

Елена Ангелеска I-3, Гимназија „Мирче Ацев“
![]()

