ОУ „Добре Јованоски“
Учениците од II-2 и II-6 одделение од ОУ „Добре Јованоски“ ги израдуваа помалите соседи, децата од градинката Тризла, изработувајќи потсетници за книги под мотото „Јас научив да читам, ајде сега и ти“. Подарените изработки донесоа сјај во детските очиња и насмевки на лицата. Затоа гестот на внимание го наградија со колачиња.
Активноста беше плод на соработката со јавната установа за згрижување на деца од предучилишна возраст.