НАГРАДЕНИ НА КОНКУРСОТ ОД БИБЛИОТЕКАТА

На годинашниот конкурс за најдобра песна организиран од библиотеката по повод месецот на книгата, Стефанија Трајкоска од ОУ “Круме Волнароски” од селото Тополчани и Матеј Бунтески од ОУ “Блаже Конески” го освоија првото место во категоријата од 1-5 одделение. Второнаградени беа Благица Петреска од ОУ “Круме Волнароски” од с. Алинци и Тифани Атанасоска од ОУ “Рампо Левката”, а трети Лука Тасески од ОУ “Добре Јованоски” и Емилија Миленкоска од ОУ “Климент Охридски”. Во истата категорија за најдобар расказ прво место освои Михаела Најдоска од ОУ “Рампо Левката”, второ Стефан Петрески од ОУ “Климент Охридски”, а третонаграден беше Дино Мискоски од ОУ “Јонче Смугрески” од с. Обршани.

За најдобра песна од 6-9 одделение на тронот се искачи Џорџи Илиески од ОУ “Кочо Рацин”. Зад него беа Соња Аврамоска од ОУ “Ѓорче Петров” од с. Ропотово и Метин Ибески од ОУ “Вера Циривири – Трена” од с Дебреште. А за најдобар расказ најдобра беше Тамара Мирческа од ОУ “Добре Јованоски”, второто место им припадна на Теона Ацеска од ОУ “Блаже Конески” и Јована Стојческа од ОУ “Климент Охридски”, а третонаградени беа Елена Николоска од ОУ “Добре Јованоски” и Нина Насеска од ОУ “Кочо Рацин”.

Кај средношколците, првата и втората награда за најдобра песна отиде во рацете на гимназијалците Маја Атанасоска и Симона Паскоска, а трето место освои Сара Котевска од СОУ “Орде Чопела”. За најдобар расказ пак водеа гимназијалците Елена Ристеска и Теодора Тасевска, второпласирана беше Стефани Петреска од СОУ “Орде Чопела”, а трет Давид Дамјаноски од Гимназијата. Од “поголемите” најдобра беше песната на студентот Лидија Бабариќ, а расказот на Елена Стрезоска.

Како најдобри рецитатори од 1-5 одделение се истакнаа Давор Димоски од ОУ “Кочо Рацин”, Деспина Кимоска од ОУ “Климент Охридски” и Стефанија Анеска од ОУ “Кире Гаврилоски -Јане”, освојувајќи прво, второ, трето место последователно. Од 6-9 одделение, првото место го делеа Јана Неделкоска од ОУ “Климент Охридски” и Викторија Папучкоска од ОУ “Манчу Матак” од с. Кривогаштани, втора беше Сара Атанасоска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, а трет Радослав Велески од ОУ “Јонче Смугрески” од с. Обршани. Меѓу средношколците прво и второ место освоија гимназијалците Ана Петреска и Стефанија Стефаноска, а трето и четврто Благојче Мојаноски и Христина Тулеска од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”.

За најредовен читател во одделот за деца беше наградена новинарката Каролина Мицевска, а во одделот за возрасни – основецот Небојша Благојевиќ. 

 

ШТО Е ТАТКОВИНА?

 

И колкупати – што е татковина?

И толкупати – а што не е татковина?

 

Зар водана, бистра и ладна од планинине што ита

и со камењата, тревите и птиците

што си шепоти катаден,

е татковина?

 

Зар земјана, ко тепсија што е рамна

и ко мајка многудетна што е плодна,

е татковина?

 

Зар љубовта што ја вдишувам и воздухот што го издишувам,

е татковина?

И куќата во која растам и која со мене расте,

е татковина?

 

А градовите и луѓето во градовите,

селата и луѓето во селата,

не се мојата мила татковина?

 

А училиштето и другарчињата и песните и игрите и

петките и единиците и летните одмори

и екскурзиите и црквите и џамиите,

гробиштата и спомениците,

смеата и тагата,

сонцето и виулиците,

не се мојата татковина?

 

Сé што кажав и недокажав,

пишав и недопишав,

мислев и недомислив,

е мојата татковина,

во јазикот криена,

од јазикот изртена,

со јазикот заградена!

 

Џорџи Илиески

VI-А одделение ОУ “Кочо Рацин”

Првонаградена песна од Втора категорија ученици од VI-IX одделение.

Loading