ЗЛАТОТО И ДРАГОЦЕНИТЕ КАМЕЊА СЕКОГАШ СЕ ДОБАР ВЛОГ

– Не е благодарно да се прогнозира движењето на цените на монетарното злато, поради силните турболенции во економскиот и општествениот живот во светот, сепак златото е добра инвестиција на подолг рок

– Гордост е таканаречениот прилепски рубин

Sirkoski AleksandarЧовекот отсекогаш сакал да земе дел од најубавото и најдрагоценото од природата да се закити или да си олесни некоја работа. Така, човекот бил маѓепсан од физичките и “духовните” убавини на благородните метали, златото, среброто, платината и скапоцените камења, дијаманти, рубини и другите. Низ историјата, човекот оставал предмети во разни форми, монети, накит, круни, скулптури, чипови, инструменти и други, во зависност од општествениот и технолошкиот развој. Некои предмети не се менуват со милениуми, туку само добиваат нови форми, како златни пари или монети, златен луксузен накит, проткаен со дијаманти или рубини… Како што напредувало човештвото во технолошко-техничка смисла, така прогресирало откривањето на нови рудници, кои подобро се експлоатирале и нивните “плодови” полесно и поквалитетно се обратувале, најдувајќи подобра примена на благородните метали и скапоцените камења.

Во Македонија се најдени многу предмети од злато и сребро во разни форми и за разна употреба. Такви се монетарното злато и сребро, накит, носен од населението и благородништвото, црковни предмети, користени во разни обреди, медицински предмети како што е сребрената лажичка, која е и антибактериска.

Во Прилеп имало неколку ковачници за златни и среберни пари во разни историски периоди. Во поново време и работилници за накит. Се негувале разни обреди со дарување на злато или сребро. Прилеп се гордее со таканаречениот прилепски рубин, кој се наредува меѓу скапоцените камења. Тој е со природна црвена винска боја и е втор по цврстина по дијамантот. Рубинот можи да се мазни на два начини, како по страниците или во полукруг. Потребно е познавање на формата на каменот и на техниката. Прилепскиот рубин се најдува ретко во луксузен накит, преплетен со злато или вграден во икона или златен крст. Тешко се препознаваат рубините по квалитет и потекло. Прилепскиот има особини што ги немаат другите рубини. Тој е како краците на сонцето. Кога ќе се измазни на машина со техниката, камбош, и се стави на силна дневна светлина, во средина од отсјајот се добива точка и околу неа неколку краци.

Благородните метали имаат свој знак и физичка препознатливост. Симбол на златото е Ау, од латински аурум, среброто, Аг, од аргентум, а симболот на платината е Пт. Значајно  е дека се многу отпорни на корозија, на хемиски влијанија и имаат голем сјај кога ќе се обработат. Се добиваат главно од подземни јами, но и од речни наоѓалишта каде се користи примитивна технологија. Постои рудник под морската вода кај Австралија, каде роботи експлоатираат злато.

Индија најголем потрошувач

KARAT- CARATИскопаното злато во светот е проценето на околу 8487 милијарди долари. Тоа е вкупното злато на човековата историја. Вакви фасцинантни вредности нема ниту еден друг метал. Најпознати потрошувачки сектори се индустријата, и тоа 35 отсто, производството на процесори и чипови, катализатори, медицинска опрема и други, накит, што е 50 отсто од вкупното светско богатство на злато. Потоа инвестиции или монетарно злато, 15 отсто, познато како златни плочки за националните и комерцијалните банки, а на светската популација останува само околу 10 проценти. Најголеми производители се Јужноафричката Република со 272 тони, Кина со 247 тони, Австралија со 245 тони, САД со 242 тони.

Со златото се тргува на берзите низ светот. Познати се неколку светски центри, но на врвот е најстариот, лондонскиот центар. Љубопитство предизвикува формирањето на цената. Неколку членови на клубот се состануваат двапати дневно да ја формираат цената, која “одговора” на понудата и побарувачката, вклучувајќи ги производствените трошоци. Да се тргува на одредена берза, нужно е златото да е стандардизирано. Стандардот е точно дефиниран во квалитет или чистота и тежина. Во светот се трошат околу 2059 тони злато.

Најголеми потрошувачи на злато не се и најголемите производители. Индија секогаш била најголем потрошувач, и тоа со 745 тони. Во индиската култура, златото игра силна улога. И во индустријата, Индија има најмногу работници во златарството. Втора по големина, но која далеку заостанува, е Кина со 428 тони. Најголемата држава во светот произведува само 50 отсто од своите потреби. Растат потребите со економскиот развиток. Америка троши 128 тони годишно, а остатокот се продава.

Златото секогаш служи за заштита од економски и други негативни влијанија на општеството. Тоа е најтргувана стока. Се стандардизира најлесно во монетарно злато, кованици или во прачки. Најголеми резерви има САД, 8113,5 тони. Далеку на второ место е Германија со 3412,6 тони, но е најбогата европска држава. Потоа, ИМФ, меѓународна организациија со резерви од 3112,3 тони, Италија има 2450,7 тони, Франција, 2452,8 тони. Централна банка на ЕУ располага со 17 проценти од златните резерви.

Поради фактот што златото е многу мек материјал и да се добие форма мора да му се додаде и друг благороден метал, во светот постојат законски решенија дека на одреден пазар не може да се продава под одредена каратажа. Инвестициското или монетарното злато со кое тргуваат националните или комерцијалните банки мора да биде најчисто, и тоа 999 или 24 карати. Тоа значи дека производот содржи 99 проценти злато. Кај нас е најпознато 18 каратно или 750 и 14 каратно или 585 злато, а тоа значи дека во едното има 75 отсто, а во другото има 58 проценти злато. Во зависност на каратите, се пресметува и цената. Ако има повеќе злато, повисока е вредноста.

Не се мешаат поимите карат или царат. Едното е чистотата на златото, а другото е мерна единица за тежина на скапоцени камења, која е 0,2 грама или ознака цт. Мерната единица е призната за скапоцени камења во 1875 година во Париз, а за референца е земена тежина на семки од рогушка.

Со мешање на други благородни метали во злато се добиваат колорити. Најпозната боја е сјајно жолтата. Златото може да биде и розево, потоа зелено злато, црно злато и други бои.

Благородни метали со сертификат

Во Македонија се добива злато, сребро и бакар од радовишкиот рудник Бучим. Има околу 10 гр. злато по тон руден концентрат. Рудниот концентрат со злато се носи во специјализирани фабрики за претопување и рафенирање надвор од Македонија за да се добие монетарно злато или во прачки. Нужно е за секоја прачка да се добие сертификат за да може да се продава на пазар.

Народните и комерцијалните банки со статутите определуваат колкаво е портфолиото од монетарно злато, кое, на кус рок, може да носи и негативна стапка, поради флуктација на цената. Зато се претендира долгорочно чување на монетарното злато. Нов тренд во светот, единствен во нашето блиско опкражување, е Народната банка на Хрватска. Во нејзиниот статут и закон, стои дека може да се чуваат и скапоцени камења, дијаманти, заедно со монетарното злато. Кај дијамантите има мал проблем, оти малку банкарски и финансиски институции ги познаваат моделите и стандардите на таа индустрија. Во светски рамки се работи на стандардизација и на дијамантите како кај монетарното злато. Ако се споредат монетарното злато и ивестициските дијаманти, се открива дека инвестициските дијаманти немаат толку голема осцилација во цените. Секогаш се во нагорен мал тренд во споредба со монетарното злато. Има мал проблем. Не може да се купуваат во големи количества како монетарното злато. Сепак, дисперзијата на портфолиото е добредојдена за намалување на ризикот.

5 topНа светските берзи, монетарното злато или по наше 24 каратното, претворено во грамови, е 32,41 евра по грам. Додека дојде до крајниот потрошувач има и разни други трошоци, така што цената е малку повисока. Во 2015 г. имавме движење на цената од 37,13 евра по грам до 30,13 евра. Не е благодарно да се прогнозира движењето на монетарното злато, поради силните турболенции во економскиот и општествениот живот во светот.

Постојат неколку модели за плаќање на монетарното злато. Една е споредбата на каматните стапки на централните банки или на американската национална банка, а другата се создава на светските берзи со индикаторите на произведувачите на злато, односно рудниците, и големите компании, кои употребуваат злато во своите производи за да се види нивното движење. Не се знае прецизно како ќе се движат цените, туку има подобро видување што ќе се случува во идинина. Добро е да се инвестира во монетарното злато како компанија или индивидуалец или пак да се купи некој накит од злато. Сум споредувал монетарно злато и дијаманти како инвестиција спрема уметничка слика. Сите имат висока вредност на долг рок, но проблемот е во ликвидноста. Прашање е колку муштерии можат да се најдат наеднаш за инвестициско, монетарно злато и за дијаманти.

Среброто е по златото, по својата важност. Најголема примена имало во ковањето пари. Денеска сé повеќе се употребува во накит и во индустријата, како што е музичката, за изработка на инструменти и жици, како, на пример, за харфа. Среброто го користи електрониката, електриката, оптиката, медицината и како катализатор. Цената на среброто е во корелација со златото. Со раст на цената на златото, се покачува и среброто и обратно.

Платината, позната и како бело злато, често се користи за изработка на накит. Најдува примена и во лабораториска опрема, електрични контакти, стомотологијата и во автомобилската индустрија како катализатор на издувните гасови. Платината е помлад метал во споредба со златото. Постојат неколку светски ковачници за монети од платина со висока чистота. Платината може да се користи како монетарен или инвестициски метал. Постојат и нумизматичари кои прават разни колекции од ковани пари кои достигнуват големи вредности. Цената на платината пред десет години достигна повисока вредност од златото. Беше 47,39 евра, а златото 44,32 евра по грам. Полека, но сигурно, платината го трасира патот и сериозно го зазема значајното место меѓу благородните метали. Платината денес чини 25,82 евра по грам со тенденција да расте поради сé поголема примена во индустријата, особено во автомобилската.

Александар Ширкоски, дипломиран економист на универзитетот во Марибор, Словенија. Тој е јувелир, експерт по благородни метали и драгоцени камења, кој работел во Словенија и во Велика Британија.

Loading