РАСПИШАН ТЕНДЕРОТ ЗА ТРЕСКАВЕЦ

Od pepelta pak ke nikne manstirot TreskavecЗа три години треба да заврши градбата на конаците на манастирот Трескавец. Обновата треба да се оконча до крајот на 2018 година, односно конзервацијата, реставрацијата и реконструкцијата на конаците. Проценките говорат дека санациониот зафат на конаците што изгореа во пожарот од февруари 2013 година ќе чини 133,7 милиони денари, или над 2,1 милиони евра без ДДВ. Изведувачот ќе работи врз основа на изготвениот основен проект, кој од Заводот и музеј – Прилеп беше комплетиран во изминатиов период.

Со објавениот тендер треба да се изградат западниот, источниот и северниот конак од манастирот Трескавец. Во меѓувреме, стручните служби работат на конзервација на црквата, трпезаријата, магерницата и на камбанаријата. Со реализацијата на проектот целосно ќе се обнови уништениот сегмент од манастирот.

Loading