СОВЕСНОСТ И ДИСЦИПЛИНА ЗА ПОСИГУРЕН СООБРАЌАЈ

Одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајните незгоди

Svest protiv zrtvi na patistataИ Прилеп се вклучува во кампањата за одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи со цел будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот. Со пешачко дефиле и други активности, организирани на камената бина на плоштадот Александрија, денеска ќе се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните незгоди, ќе се изрази почит кон загинатите и солидарност кон нивните семејства со цел да се прати порака да се подигне свеста за фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот.

Секоја година во светот околу 1,2 милиони лица го губат животот во сообраќајни несреќи и околу 50 милиони лица се здобиваат со телесни повреди. Во Македонија, според податоците од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во првите 9 месеци  годинава, се случиле 100 сообраќајни несреќи со загинати лица во кои животот го загубиле 113 лица, а 4.684 се повредени.

ООН усвои резолуцијата со која третата недела од месец ноември, односно од 15 до 22 ноември се организираат активности за одбележување на 15ти ноември – Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди. РСБСП во соработка со партнерите  се приклучи кон Светската кампања сафекидсливес, која на иницијатива на ООН се реализира во повеќе од 100 земји низ светот.

Целта е повисоко ниво на сообраќајна свест и одговорност, односно повисоко ниво на дисциплина во сообраќајот.

Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секаде и во секое време. Потребно е повисоко ниво на одговорност на сите учесници.

И општината Кривогаштани се вклучи во кампањата. Голем број деца и родители од Крушево и Кривогаштани го посетија вечното почивалиште и спомен музејот на Тоше Проески и запалија 124 свеќи во форма на срциња, кои ја симболизираат неизмерната љубов кон Тоше и кон сите оние кои ги загубија животите во сообраќајни незгоди.

Единствено преку поголема совесност, дисциплина и одговорност може да се придонесе кон побезбеден и посигурен сообраќај.

ЗГАСНУВААТ ЖИВОТИ НА ПАТИШТАТА

На 11 ноември жител на Ропотово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Македонски Брод – Самоков. Во сообраќајката се судриле автомобил Лада Рива и амбулантно возило.

Дваесет итригодишно момче загина на 10 октомври во страотна сообраќајка на патот Демир Хисар – Битола, кај селото Лопатица. Возилото Голф 3 било пронајдено превртено покрај патот.

На 13 август почина жената прегазена на пешачкиот премин на булеварот “Гоце Делчев” во непосредна близина на Тинекс маркетот. Два дена пред тоа, таа беше удрена на пешачки премин од такси возило кое се враќало во рикверц. Лекарите од Клиничкиот центар во Скопје не успеаја да се изборат за нејзиниот живот.

Жена на возраст од околу 36 години, беше прегазена на патот Прилеп – Крушево кај пунктот на ЕВН Македонија при обид да ја премине улицата. Сообраќајната несреќа се случи на 6 април. Таа се здоби со тешки телесни повреди по што веднаш е пренесена на хируршкото одделение во болница. Неофицијално, според очевидците, автомобилот кој удрил во жената, се движел со поголема брзина…

Ова се некои од сообраќајните незгоди кои се случија во градов и прилепскиот регион. 

Loading