ТУТУНСКИ ИМА ПАРИ ЗА ОТКУП

Соопштение

Nerma mesto za strav na tutunarite Tutunski ima pari za otkup - Aleksandar DermendzievВо врска со шпекулациите кои беа изнесени во јавноста, Тутунскиот комбинат АД Прилеп, соопштува дека во целост ги има обезбедено средствата за престојниот откуп на тутунот за реколтата 2015 година. ТКП ги има обезбедено и сите останати законски предуслови кои што произлегуваат од Законот за тутун.

Поради технички проблем околу интерпретацијата на Законот за тутун од страна на Инспекторатот за земјоделство, откупот не започна во предвидениот рок (18 ноември 2015 година) за сите откупни компании во Македонија, вклучително и за Тутунскиoт комбинат.

Затоа, денес во Скопје, по барање на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, се одржува состанок со сите претставници од откупните претпријатија и претставници од Здруженијата на тутунопроизводителите, со што се преземени сите чекори проблемот да биде надминат во најкус можен рок и откупот на тутунот да започне за сите откупни компании.

Уште еднаш потенцираме дека сите средства за планираните количества за откуп од страна на Тутунскиот комбинат се обезбедени и не постои никаков ризик, ниту простор за шпекулации во врска со исплатата на средствата кои тутунарите треба да ги добијат за предадените количества.

По наводите за плаќање или неплаќање на акциза од страна на ТКП, очигледно е дека станува збор за целосна неинформираност и неупатеност за оваа проблематика. Имено, со потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство, формирано е заедничко друштво, со што се изврши комерцијализирање на заедничкото портфолио на брендовите, продажбата, дистрибуцијата, промоцијата и други поврзани активности. Новото друштво во целост ја презема обврската за плаќање на акцизата, која навремено се сервисира.

Исто така, треба да се истакне дека Тутунскиот комбинат, во моментов нема ниту еден несервисиран долг кон ниту еден добавувач, вклучително и кон државата.

Она што особено сме горди како менаџерски тим е фактот што по низа години, првпат, со завршната сметка за 2015 година, Тутунскиот комбинат очекува да покаже позитивен финансиски резултат, со што ќе излезе од листата на загубари. Во првите 9 месеци од 2015 година, ТКП има оперативни приходи од милијарда денари, што е речиси двојно зголемување во однос на истиот период лани кога приходите изнесувале 529,4 милиони денари.

Согласно сето ова, ја известуваме јавноста, а пред се тутунопроизводителите да не потпаѓаат под влијанија на шпекулации, бидејќи Тутунскиот комбинат ги има обезбедено сите неопходни предуслови за откупот на тутунот од реколтата 2015 година.

Loading