АЛИША КЕЈС ОД НАШЕТО МААЛО Е ДОРОТЕА ДАМЈАНОВСКА

NOSECKA FOTO - Aposulten pobednik na Coverfest- Dorotea DamjanoskaДоротеа Дамјановска, ученичка во трета година во Гимназијата, не само што има впечатливо име, туку и импресивен глас. Никого не остава рамнодушен исклучителната музичка дарба. Скромната Дамјановска, веќе ја препознаваат и минувачите, особено по последниот настап и апсолутната победа на Коверфест, фестивалот за афирмација на млади музички имиња. Жирито ја прогласи најдобра, а и публиката не гласаше поинаку, воодушевени од гласовните можности. Доби полно комплименти кои í го топат срцето. Ü годи што луѓето ја препознаваат по пеењето. Редовна е и на Гимфест организиран од Гимназијата, каде лани блесна, освојувајќи го второто место. Се најде и на аудициите на Икс фактор меѓу потесниот круг во Белград.

Дарбата дошла до израз уште на деветгодишна возраст. Гласот одекнал од училишна приредба. Виновен е и музичкиот ген. Во вените í тече наследена дедова дарба. Тој бил самоук пијанист. Ни таа нема музичко образование, но има вокални квалитети.

– Неописливо е чувството. Песната ме исполнува целосно. При настапи правам контакти со публиката. Не е само застанување на сцената и пеење, туку се создава флуид со публиката, поврзување, пренесување на емоциите – кажува Дамјановска. 

Ориентирана на поп и аренби, предизвик í се Алиша Кејс, Емили Санде, Бионсе. Секаде потпевнува. И дома, ги “тренира” потешките песни со инструментална заднина. Другарите ја бараат да им пее, особено на часовите по физичко додека играат одбојка. Родителите ја поддржуваат. Последната песна ја спремала со музичарот, Кире Гаралоски.

– Пеам од душата и за душата. Аматер сум без музичко образование. Се трудам да дадам сé од себе. Пеењето не е лесна работа. Нужно е внимание при дишењето, интонација, дикција и креативност. За последниот настап пробав по три часа интензивно пеење. Бев изморена и се чувствував како да сум истрчала 10 км. – вели нашата Алиша Кејс, како што ја препознаваат другарките по песните кои ги изведува. 

Талентот, покрај малкуте години, е забележан и на Икс фактор. Жирито било воодушевено и изненадено.

– На каверфест првин бев малку вознемирена, оти песната беше тешка. Додека пеев, заборавив. Минав подобро од очекуваното. Покрај наградите, најсреќна бев на Икс фактор, иако не продолжив поради годините и мутацијата на гласот. Големо искуство е да се најдеш пред жири од звучни имиња, Жељко Јоксимовиќ, Александра Ковач, Масимо Савиќ и Тончи Хулиќ. Трема ми предизвика Тончи, кој беше воодушевен – додава Дамјановска.

Учејќи математичка насока уште не е определена за иднината, иако ги мерка градежништвото или архитектурата. Музиката í е хоби, додека постигнува одлични резултати по сите предмети.

Како наградена на Коверфест, ќе снима и кавер и своја авторска песна за прием на Макфест.

Loading