ВО СВЕТОТ НА ЕСПЕРАНТОТО

ОУ “Климент Охридски”

Uneverzalniot jazik na belo-videlo za OU   Kliment OhridskiСо интернационалниот вештачки создаден јазик, есперанто, се запознаа учениците од дополнителна настава по математика, македонски и англиски јазик од ОУ “Климент Охридски”. Тие ги откријаа азбуката, формирањето на зборовите и богатата литература која вклучува книги, списанија и поезија низ 45 минутниот интегриран час во Друштвото за есперанто.

Наставничките велат дека децата отвориле нови видици, запознавајќи се со познатите личности кои членувале во друштвото и  дале придонес во примената на јазикот во светот. Поради исцрпното предавање на Виктор Галески, учениците изразиле готовност да го научат јазикот.

Посетата на есперантското друштво е последна активност за месецот на книгата.

Loading