ВОЗВРАТНА ПОСЕТА ВО ПОЛСКА

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Makedonsko-polska razmena na uceniciТочно 11 ученици од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ и четворица гимназијалци предводени од професорките Лидија Паноска и Христина Бозоска „тркнаа“ до Гривица, Полска да се мешаат со Полјаците. Го одржаа ветеното за возвратна посета и продлабочување на партнерството, кое се очекува да резултира со создавање тријазична брошура на македонски, англиски и полски, како мини водич за потенцијалните туристички вредности на двете држави.

– Посетата е плод на размената на ученици. Бевме топло примени со богата програма, адекватно на нашата соработка – вели ученикот Дејан Јанкулоски.

Впечатоците од културно-историските споменици им беа инспирација за работилници за проширување на познавањата за историјата и географијата на полскиот народ. Разменија и искуства од воспитно-образовниот процес, усовршувајќи го и англискиот јазик.

– Зборувавме англиски, но имавме и т.н. јазична работилница. Се трудевме да научиме и полски, а домаќините македонски. Беше забавно, оти ем прошетавме и се дружевме, ем многу научивме – додава ученичката Теона Илиоска.

Преку ваквите проекти, учениците ги подобруваат социјалните и јазичните вештини.     

Соработката ја продолжуваат во јуни в година.

Loading