СОЛИДАРНОСТ СО ГОСТИ ОД СРБИЈА И УНГАРИЈА

СОУ „Ѓорче Петров

Megjunarodna sorabotka so gosti od Srbija i UngarijaВо СОУ „Ѓорче Петров“ навратија ученици и професори од Србија и Унгарија, во проектот АЦЕС (Академијата на средноевропски училишта) за прекугранично партнерство, како и размена на искуства за медиумска писменост и меѓународна соработка. На работилницата изработуваа постери и презентации за солидарност, односно насмевката е најдобар подарок. Покажувајќи се како домаќини, со гостите ги разгледаа културно-историските знаменитости. Ја посетија и локалната самоуправа.

– Ваквите активности, покрај едукација и воспоставување на контакти, придонесуваат за издигнување на образовниот систем на повисоко ниво – вели директорот Дејан Димоски.

Учениците од Ниш спроведуваат активности за лица кои живеат надвор од семејствата, во старски дом, домови на деца без родители, дневни центри на лица со пречки во развојот.

– Ги посетуваме со песни и игри. Учениците разбиваат апатија, сочувствуваат со ваквите лица. Времето поминато со нив е најдобар подарок, оти им “мами” насмевка – вели професорката Милица Младеновиќ од Ниш.

Слично дејствуваат и учениците од СОУ „Ѓорче Петров”.

– Планираме да го посетиме домот за стари лица, центарот за деца со посебни потреби, при што учениците ќе завршат некоја солидарна активност, да ги направиме среќни станарите на домовите и да предизвикаме насмевка – вели Елизабета Милошеска, професор по англиски и координатор на проектот.  

Ова е трет проект со кој училиштето учествува во мрежата на АЦЕС. На завршната академија меѓу 100 училишта, ќе се натпреваруваат за награда за најдобар проект.

Loading