СЛЕПИТЕ ИМ ПРЕДИЗВИКАА ПОЛНО ЕМОЦИИ

ОУ „Климент Охридски”

Nesekojdnevno iskustvo koga dopirot e osnovno setiloГрупа ученици од дополнителна настава по македонски и англиски јазик и од литературната секција од ОУ „Климент Охридски” со дефектологот Светлана Миоковиќ Томеска, наставничките Весна Јонзоска, Билјана Наумоска Шукуроска и Јулијана Талеска имаа несекојдневно искуство при посетата на Друштвото за слепи и слабовидни лица за месецот на книгата. Наместо очекуваната средба, на која ќе видат книги со браева азбука, ќе се сликаат и ќе си одат, се вратија полни со емоции. Наишле на топло гостопримство и отворен разговор со Благоја Мисовски, Љубен Спиркоски и Марија Арсова, кои им отвориле нови видици. Домаќините ги “почестиле” со презентирање на предметите кои им го олеснуваат животот и им помагаат да се интегрираат во општеството.

– Видовме топки за фудбал, часовник, шах, прибор за геометрија, браева машина за пишување, книги на браево писмо и слушавме аудио книги. Марија демонстрираше како се пишува на машината, ни кажа за буквата А, ни нацрта триаголник, поигравме шах… Од отвореноста, искреност и леснотија на презентирањето, забележавме дека се како сите луѓе, само имаат поинаков пристап поради хендикепот. Успеале да се носат со товарот на слепилото, користејќи го допирот како сетило. Сфативме дека не ги гледаме доволно квалитетите на луѓето, туку имаме предрасуди и секогаш сме со резерва кон поинаквите – ги пренесуваат впечатоците.

Децата ветија дека ќе сторат напори да снимат неколку песни и текстови за збогатување на звучната библиотека и ќе ги посетуваат почесто.

Loading