КОНТИНУИТЕТ ЗА ВИСОКИ МЕСТА ВО ПИНГ ПОНГ

Rikaloski megju najdobrite vo ping pongГимназијалецот Александар Рикалоски, член на ППК Младост 96, и годинава го потврди континуитетот во освојувањето на високи места на државните натпревари. После една титула државен првак и две титули Вице шампион на Македонија во основни училишта, во својата прва година освоена е вицешампионската титула и во средни училишта. Во финалниот натпревар доживеа пораз од скопјанецот Христијан Јованов со резултат 2-1, иако титулата му беше мошне блиску и одлучуваа нијанси. До финалето Рикалоски имаше шест победи во низа. Освоеното второ место е одличен успех, ако се знае дека прва година учествува на натпревар на средни училишта (младинци) каде конкуренцијата е уште поголема. Среброто му донесе и право на учество на спортскиот камп кој секоја година со најдобрите од сите дисциплини го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија.

Loading