ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ЗА НАЈДОБРА КАМЕРА

Nagradata e pottik za novi proekti - Boskoska i    PoposkiПетнаесетгодишниот Горан Попоски од Гимназијата и шестнаесетгодишната Анастасија Бошкоска од медицинско, креирајќи краток филм ја освоија наградата најдобра камера на битолскиот фестивал Камера 300. Младите филмаџии, во четириминутниот филм “Ковач” низ маестрални сцени, со одлична музичка подлога, преку амбиентот, начинот на кој работи еден од најстарите ковачи во градов, го прикажуваат ковачкиот занает.

– Не е лесно, иако навидум изгледа така. Особено тешко беше монтирањето. Секој кадар, секој сегмент се поврзува, филмот да биде како приказна. Наградата е поттик да ја продлабочиме потрагата по безграничните пространства на кинографијата – вели Попоски, кој беше еден од 11 претставници од државава на италијанскиот филмски фестивал Џифони.

Првиот заеднички проект донесе триумф, златна плакета. Тука не запираат. Ќе ја “пробаат” среќата да “зграпчат” уште некоја награда, испраќајќи го филмското дело на други кинематографски мегдани. Веќе “отпатува” за Холандија. Нескротливиот дух, “филмоманијата”, ги носи пред предизвикот да креираат серијал на занаети кои исчезнуваат.

– Се стремиме да создадеме нови краткометражни аматерски остварувања. Сега буиме со идеи. Претендираме да ги “спасиме” од изумирање занаетите на залезот низ серија филмови кои ќе останат за сведоштво на едно време – додава Бошкоска. 

Попоски и Бошкоска се членови на фото кино клубот Прилеп, преку кој освојуваат интернационални награди за фотографија во нивната пасија.  

Loading