НА „СВАДБА“ КАЈ КРАТОВО

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане

Veseli i razigrano na svadbata od kamenite kukliДеветоодделенците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” при тридневната екскурзија беа и на “Весела свадба” близу Кратово. Всушност, го посетија локалитетот Куклица, кој изобилува со невообичаени споменици – кукли, како што говори и името на местото. Се запознаа со скаменетите свадбари кои и денес сведочат за гневот и болката на несреќната девојка чиј сакан се оженил со друга. Се воодушевуваа на глетката на насмеани сватови и младенци скамените во нежна прегратка, додека наставникот по географија, Милан Јаковоски, им ја раскажуваше легендата за тажната љубовна приказна. 

– Според легендата, свадбарите се скамениле од клетвата од разочараната девојка кога младенците се бакнале. Научната приказна е поинаква. Специфичните релјефни форми се под влијание на природно-географски фактори. Со вертикална ерозија на вулканските карпи се  создале “кукли” повисоки од десет метри. Со времето, природата извајала ремек дела – објасни Јаковоски.

Ваква “свадба” нема никаде на светот, затоа местото е заштитено со законот за природни реткости, а учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” имаа привилегија да бидат “специјални гости”.

Loading