Гимназија „Мирче Ацев“
Гимназијалците Сара Нешкоска, Илчо Лешникоски, Надица Чолакоска, Ангела Митреска, Деспина Силјаноска, Теодора Биноска, Цвете Јанеска, Стефани Мирческа и Анастасија Насевска се покажаа како умешни оратори пред преполната сала во библиотеката. По повод Денот на македонската револуционерна борба, говореа на тема Животните вредности денес. Комисијата за оценување во состав професорите Рубин Матески (претседател на комисијата), Елена Стојаноска, Димче Настоски и Николче Богданоски, како и претседателот на Младинската, Надица Бунеска, ја прогласија Деспина Силјаноска за највешт говорник. Второпласирана беше Сара Нешкоска, а трета Надица Чолакоска. Сите учесници добија благодарници, а победниците дипломи и беа наградени со интересни книги за збогатување на знаењата и ораторските вештини.
Доротеа Дамјаноска имаше чест со изведба на химната да ја отвори ораторската вечер. А во паузите, гостите со музички нумери ги забавуваа Марко Цветаноски и Стефан Кукески.
![]()

