ОУ „Рампо Левката“
За празникот на Македонската револуционерна борба, литературната секција при ОУ “Рампо Левката”, водена од наставникот Роберт Ристевски, го одржа ветувањето за традиционален литературен конкурс. Борбата на македонскиот народ е непресушна тема. Младите поети од општинава и од Кривогаштани и Долнени ја опишуваа татковината на втората поетска дружба. Најкреативен беше Андреј Грашкоски од ОУ “Јонче Смугрески” од селото Обршани, кој се избори за првото место. Марија Ацеска од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”, беше подобра од лани, заземајќи ја втората позиција, а трета беше Софија Гешоска од ОУ “Гоце Делчев”.
![]()

