НА ГОЛЕМ ОДМОР ВО СКОПЈЕ

ОУ „Гоце Делчев

Blesna trudot i angazmanot na Gocedelcevci vo   prestolninataВкупно 40 ученици од ОУ “Гоце Делчев” се претставија во најдобра светлина на популарната емисија на МТВ, “Голем одмор”. Училиштето “врие” од талентирани и весели деца. Цели 60 минути без никаква трема, тие покажаа полно вештини во живо низ драматизација, квиз, работилници, пеење, свирење и другарување во опуштена атмосфера. Поделени на црвени и жолти, во знак на боите на знамето, ги мереа знаењата низ квиз прашања. Станаа и дизајнери, изработувајќи корици за книги на теми главен град, екологија, мојот град. Атмосферата се крена со изведба на неколку музички точки. Дел од нив се “претворија” во зеленчук и овошје со драмската точка “Здрава храна за детство без мана”. За повесело расположение ја одиграа приказната “Итар Пејо вади заб”. Гледачите ги оставија без зборови со презентирањето на мноштвото успешни ученици со освоени први места на државни натпревари.

Второто претставување на државната ТВ е уште една афирмација за училиштето кое ниже успеси.

Градба на балон сала

Во дворното место почнаа градежните работи околу подготовката на теренот за балон салата. Станува збор за донација од градот Лозана, Швајцарија. За основата се обезбедени 1,5 милиони денари од ЛС. Со изградбата на повеќе наменскиот спортски објект, градот ќе добие уште едно катче за сите ентузијасти и спортисти.

Loading