ЏУДИСТИ, ШАХИСТИ, И ТОА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИ

ОУ „Блаже Конески

Vtor najdobro plasiran sahist - Matej Zvezdakoski   desnoКоневци се редовни на разни спортски натпревари и не се враќаат без медал. Петтоодделенецот Мартин Петрески и шестоодделенецот Лука Петејчук на меѓународниот џудо натпревар Сакура во Катерини, Грција, успеаја да се изборат за второто место во категоријата до 27 кг. А на меѓународниот во Прилеп се закитија со злато меѓу пионерите. Во одлично светло се покажаа и шестоодделенците Марко Кироваков со бронза и Михаил Павлоски со сребро.

Ivan CapeskiДодека џудистите се бореа за медали на татамите, петтоодделенецот Матеј Звездакоски “тркна” до Пореч, Хрватска на Европското првенство за млади во шах. Користејќи ја интелегенцијата, со вешти потези на таблата со фигури, постигна забележителен резултат, пласирајќи се на второто место меѓу најдобрите претставници од државава во категоријата јуниори до 10 години. Со шаховските фигури “другарува” и четвртоодделенецот Иван Цапески. “Државното” злато му донесе можност да се натпреварува и меѓу светски шахисти во Грција.

Дека од Коневци има надарени деца и за тенис, докажа петтоодделенецот Петар Игески, качувајќи се на врвот од тронот на државниот натпревар за јуниори.

Благодарница Нењ генератион си зеде и директорката Марија Дулевска од словенските ученици за учеството на меѓународиот проект Зогаријада.   

Luka Petejcuk

Marija Dulevska

Marko Kirovakov

Martin Petreski

Mihail Pavloski

Loading