МЕЃУ ПОЛИЦИТЕ СО ФРАНЦУСКИ И ГЕРМАНСКИ КНИГИ

ОУ “Гоце Делчев” 

1. Neguvaat ljubov kon stranskite jaziciСекциите по француски и германски јазик од ОУ “Гоце Делчев” со наставничките Ирена Наумоска и Билјана Најдоска открија нов свет меѓу полиците книги во градската библиотека. Изненадени и воодушевени беа од сознанието дека постои посебен оддел за странска литература. Со големо внимание го следеа предавањето на библиотекарката која ги запозна со големиот фонд на лектирни изданија, енциклопедии, речници, донирани од амбасади или други здруженија.

– Ја подигнуваме свеста за читање кај децата – вели наставничката Наумоска.

Посебно доживување беше за шестоодделенците, оти годинава првпат се сретнуваат со германскиот јазик.

– Можам да земам литература на повеќе јазици. Ќе дојдам да разгледам речници и книги по германски. Привлечни се делата на браќата Грим, Гете, Томас… – вели Ивана Хаџиспиркоска.

Се израдуваа дека со членската можат слободно да “се почестат” со книга од ова катче.

– Со книгите на француски се надевам дека полесно ќе го совладам јазикот. Ме заинтригираа и граматиката и енциклопедиите – вели Михаела Темелкоска.

slka 2 za OU GoceНа Исидора Лажоска омилен француски писател í е Оноре Де Балзак.

– Дознавме нешто повеќе за француската култура и литература. За во средно ја “резервирав” Чичко Горио  – додава Лажоска.

Бојан Патоски се радуваше за можноста за зачленување.

– Сакам да читам книги. Предизвик ми е германската литература. Ќе научам повеќе за јазикот со истражување на писателите – вели Патоски.

Наставничката Најдоска додаде дека посетата е предизвик и дополнителен потик да всадат љубов кон странските јазици.

Loading