ГРАДИМЕ МОСТОВИ ЗА СОЖИВОТ

Општина Долнени

Timot na proektot so gradonacalnikot BoskoskiСо традиционални танци, песни и облеки беше крунисан проектот “Градиме мостови” за интегрирано образование во ОУ “Мирче Ацев” од селото Лажани и “Пере Тошев” од селото Дупјачани. Децата испратија јасна порака дека во општината Долнени со повеќе етникуми – Македонци, Бошнаци, Турци и Албанци ќе бидат среќни, доколку соработуваат. Изграден е мостот од соживот, соработка, мир и толеранција, наречен Македонија. Во проектот се вклучени 33 општини со поддршка на МОН, амбасадата на Швајцарија и мисијата на ОБСЕ во Скопје.

slika 2 za Dolneni– Се надминуваат предрасудите и се менува перцепцијата, внесувајќи нова енергија за подобар соживот – вели Весна Чатлеска, координатор.

Подадената рака беше плод на три активности со учество на учениците, наставниците и родителите, меѓусебно разменувајќи идеи, дружејќи се, стекнувајќи нови пријателства.

Градоначалникот Боше Милошески истакна дека проектот го поддржува општината за јакнење на соживотот.

Претстојат уште четири активности, а тимот од наставници Весна Чатлеска, Николина Настевска, Соње Димеска и Лилјана Неделкоска не запира до следниот успех. 

Loading