НАСТАВА В ЦРКВА

ОУ „Блаже Конески

So roditelot kako nastavnik ucime kako pravilo da se    krstimeУчениците од 3-4 со наставничката Гордана Џокоска од ОУ “Блаже Конески” имаа настава во црквата Св. Кирил и Методиј. Отецот Живко Десподовски, таткото на ученичката Марија, во улога на родител-наставник, предаваше за црквата, верата и обичаите. Учејќи ги за значењето на трите споени прсти и како правилно да се крстат, пренесе историски податоци за градбата на црквата. Третоодделенците, воодушевени од несекојдневниот час, со љубопитство го следеа раскажувањето за поважните молитви и значењето на Велигден и Божик. Прашуваа зошто се крштеваат, зошто се осветува домот, и кои се позначајните луѓе во христијанството. Поради големиот интерес договорија отецот да сврати в училиште за уште еден час со подготвени прашања.

Loading