ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ЗА РАДОСТ

ОУ „Добре Јованоски

Sportuvame drugaruvame i zdravo ziveemeЧетврто и петтоодделенците од ОУ “Добре Јованоски” како олимпијци се натпреваруваа во трчање, скокање, брзо и бавно одење и совладување пречки. Промовирајќи го здравиот начин на живот и одбележувајќи ја неделата на детето, со игри без граници се дружеа под мотото Спортуваме, другаруваме и здраво живееме. “Виновници” за радоста кај децата додека се натпреваруваа и бодреа едни со други, беа од стручниот актив на одделенска настава. 

– Децата се најчисти души. Го кажуваат она што го мислат и моментите од животот ги споделуват со нас. Ги воспитуваме да се движат по вистинскиот животен пат – вели наставничката Олгица Велјаноска.

Стручниот актив додава дека дружењето е и предизвик за меѓусебна соработка. 

Loading