ГОЦЕДЕЛЧЕВЦИ ВТОРИ МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ УЧИЛИШТА

OU Goce Delcev - vtori megju najdobriteОУ „Гоце Делчев“ го зазеде второто место меѓу осумте најдобри училишта во државава оценети од Државниот просветен инспекторат.  Меѓу 161 оценки, се вгнезди во списокот на најквалитетните училишта лани врз основа на интегрална евалуација на седум подрачја: наставни планови и програми, достигања на учениците, учење и настава, поддршка на учениците, училишна клима, ресурси и управување, како и раководење. Меѓу факторите кои придонеле за највисока оценка се и зголемената примена на ИКТ во наставата преку компјутер за секое дете, бројни учества на натпревари, како и зголемената реализација на часови по физичко воспитување. 

Loading