ГЕРМАНЦИ „УЧАТ“ МАКЕДОНСКИ МОДЕЛИ

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу

Se mesaat Germanci i MakedonciВо СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ на возвратна посета навратија група ученици и професори од десетгодишното партнер училиште „Ратко Штокел“ од Мезунген, Германија. Сместени кај семејствата на домаќините, собираа нови искуства, запознавајќи ја македонската култура. „Музиката и танцот – дел од културата на Македонија“, како повод за седумдневото дружење, вклучуваше разгледување на градот, вкусување традиционални јадења, вечерни излегувања. Се запознаа и со традиционалните ора и носии преку посета на КУД од Кривогаштани. Навратија и до музејот на Тоше во Крушево, како и во Охрид, Битола. Споредувајќи го образованието, присуствуваа и на часовите и се претставија со презентации. Германците пренесоа дека училиштето е различно, но интересно. Како продукт, заедно ќе изработат документарно видео од престојот.

Ваквиот начин на соработка преку размена на ученици и професори го препорача и професорката по германски Мануела Котеска, надевајќи се дека ќе бидат добар пример за собирање искуства.

– Разменуваме знаења и го подобруваме нашиот речник на германскиот јазик додека ги информираме за нашата култура – вели ученичката Мартина Темелкоска.

Дружбите ќе продолжат со посета на нашите тинејџери во Германија во мај в година на прославата на десетгодишната соработка.

Loading