ШАНСАТА Е ВЕЛЕС

Фудбал

Мошне возбудлива е Третата лига – Југ, каде екипата на 11 Октомври се бори за највисок пласман. После тешката победа од 2-1 над жилавиот Партизан, Обршани сé поблиску е до врвот. Нужна е серија победи, а со таква цел се оди и во Велес в недела со Борец. Дека домашниот тим е ранлив покажа во Големо Коњари каде доживеа пораз од 6-2. За 11 Октомври е важно да триумфира за потоа да собере публика на дербито со водечкиот Вардар. Неготинци само победуваат и примија само два гола.

Табела: Вардар Н. 21, Победа В. 15, 11 Октомври 14.

Loading