УЧЕНИЦИТЕ ИЗРАБОТИЛЕ СКЕЛЕТ ОД ГОВЕДО

СОУ “Орде Чопела”

Ucenicite si sozdadoa pomagaloИдните ветеринари од СОУ “Орде Чопела” самоиницијативно изработија скелет од крава. Тие го демонстрираа костурот и презентираа кратко видео за текот на подготовката. Скелетот ќе им биде објект за полесно совладување на програмите.

Составувањето коска по коска, чистењето и “дотерувањето” почнало уште лани под менторство на професорот Игор Галоски. Со особен елан и ентузијазам се истакнаа учениците од четврта година, Спиро Божиноски, Даниел Пуцакоски, Владимир Наумчевски, Бобан Бубрегоски и Стефан Зероски. Трудољубиво и со големи заложби, тимот на проектот ја создал “креацијата” да им биде од корист не само ним, туку и на идните генерации, оставајќи печат на знаењата. “Делото” ќе биде поттик за новите ветеринари да креираат некој нов објект за наставна демонстрација.

– Изработката мина низ неколку фази. Потпирајќи се на знаењата од анатомијата на домашните животни, ја отстранивме мускулната маса од коските на кравата. Потоа неколкупати ги варевме исчистените коски… Процесот беше долготраен и макотрпен, оти беше потребна прецизност да се поврзат сите коски, како сложувалка, и да се создаде скелетот – објасни Спиро Божиноски.

Професорите беа воодушевени од заедничкиот труд на тимот, кој докажа дека во училиштето се посветува големо внимание на обуката и оспособувањето на учениците да бидат подготвени за практична работа и да напредуваат во врвни стручнаци. 

Loading