ОКТОМВРИСКО ВОСТАНИЕ

Natalija Stojanoska

На 11 октомври

пукна првата пушка во Прилеп и Куманово,

тогаш на востание се крена народот.

 

Со пушка во рака,

 со цврста волја за слобода,

 во борба тргна народот мој,

за конечно да си го добие мирот свој.

 

Благодарение на тие борци

слободно живееме ние.

А во нивна чест, денес

цветен венец во училиштата со свои раце правиме

и пред бистата на борците ние ќе го ставиме.

 

А за возврат ние им се колнеме

дека вечно во срцата ќе ги носиме

и на непријателот ние ќе му пркосиме.

СЛАВА ИМ!

Наталија Стојаноска,

I-3 клас во СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Loading