НОВИ ПОДОВИ ЗА ЧИСТО УЧИЛИШТЕ

ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

Podovi za cisti ucilniciВо ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” блеснаа новите подови, со што во многу се подобри хигиената и условите за учење. Заменувајќи ги старите паркетни со подови од линолеум, се ослободија од влагата и прашината, штетни и за децата и за наставниците. Училниците станаа подобро катче за настава.

Локалните власти вложија 2,1 милион денари.

Со општински пари сменет е покривот и е поставен громобран, обновена е дограмата, реновирани се дел од санитариите, уреден е дворот, поставено е централно греење и дотерана е фасадата. Училиштето е единствено со амфитеатрални училници за настава на отворено.

Градоначалникот Марјан Ристески најави градба на спортска сала.  

Loading