НА ЧЕКОР ДО ПОТОПЛИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА

ОУ “Блаже Конески”

OU  Blaze KoneskiЗа потопли училници и за зголемување на енергетската ефикасност во ОУ “Блаже Конески” распишан е оглас за смена на столаријата. Средствата од пет милиони денари ги обезбеди локалната самоуправа.

– Се очекува до крајот на месецот да заврши е-аукцијата. Доколку останат средства, ќе се насочат кон уредување на фасадата за што веќе е изработен проект – вели директорката Марија Дулевска.

За 2016 година најавено е партерно уредување на училишниот двор во подрачното училиште во Варош за 1,2 милиони денари.

Loading