ВО КОЈА САЛА?

Пинг – понг

Викендов стартува сезоната во пингпонгарската Супер лига, а екипата на Младост неизвесно е каде ќе биде домаќин на скопски Телеком. Ако осветлувањето во ДГС Партизан не е задоволително, ќе се бара друга сала низ градов. А доколку нема алтернатива, решение е гостување во Скопје. Прилепскиот тим претендира на пласман меѓу првите три на табелата. Тоа подразбира борба за двата бода на секој меч.

Ветува составот со Јованоски, Јочкоски, Тошески, Илиески и повратникот Петрески. И противничкиот тим е за респект со Симиќ, Михајловски и Жоговски.

Прволигашот Младост 96 гостува на Мултитекс во Битола.

Loading