Победа
Победа постигнува просечни резултати, што не е толку лошо ако се има предвид мошне добриот квалитет на екипите во израмнетата втора лига. Оценката е мала ако се даде од аспект на очекувањата кои секогаш се големи и свртени кон врвот од табелата. Во овој период позитивното е тоа што екипата на Дарко Крстески не губи. Практично од лани нема пораз. Есенва на пет првенствени еднаш победи, четирипати ремизираше. Лошата страна се головите. Тешко се постигнуваат. Освен во Скопје кога беа дадени три, на останатите дуели само по еден. На последниот меч дома беше 1-1 со Велазерими. Недостасуваше втор гол и со Тетекс, Пелистер, за купот со Царев Двор. Дали е решлив овој проблем, ќе видиме на наредните мечеви, а првиот е в сабота во Гостивар.
Табела: Македонија ЃП 10, Гостивар 8, Љубанци, Пелистер, Победа и Тетекс по 7.
![]()


