ЗА ВЛАКНО ИЗБЕГАА 700 ЕВРА

Игра Златен гол

Sutot na Hristijan VeceskiНајвредната добивка од наградната игра на Победа Златен гол за малку ќе ја добиеше младиот Христијан Вецески. Тој мајсторски шутираше, како да е играч на Барселона, топката удри во внатрешниот дел од кругот и се одби надолу како од пречка. Публиката аплаудираше на одличниот шут, иако не беше добитен. За “влакно” побегнаа 700 евра. Во наредното коло, на 19 септември со Влазерими, премијата е 800 евра.

Loading