Дојде Спиркоски – замина Аломеровиќ

Победа

Moment od mecot Pobeda - NovaciПобеда одлучи за повратници во градов. Таков е осмиот, нов во летниот преоден рок, Благојче Спиркоски. Младински репрезентативец е, настапува во средниот ред, а доаѓа од прволигашот Турново. Првите сениорски мечеви ги имаше во 11 Октомври. Настапи на шестиот контролен дуел дома (1-0 со голот на Шаркоски) против третолигашот Новаци. Сепак, во последен миг замина највозрасниот Кемал Аломеровиќ (35) во Швајцарија. В сабота е следниот тест пак дома, со Беласица. Управата најави новости во врска со влезниците и можноста за интересни содржини за гледачите на стадионот за време на првенството.

Loading