ОУ Блаже Конески
ОУ Блаже Конески и партнер-училиштето “Реџе Рушит – Зајази” од Кичево на завршна средба ги презентираа активностите од проектот за меѓуетничка интеграција. Промовирајќи го соживотот меѓу различни етникуми, често се дружеа и се сплотија во едно преку активности за Денот на јаболкото, посета на Коневци во селото Зајас за изработка на речник и квиз, изработка на кукли и мартинки, сé до спортски натпревари во мешани групи од двете училишта. Средбите се заокружија со засадување зимзелено дрвце за соработка и прошетка низ градот.
Воспоставените односи продолжуваат во септември со нови заеднички зафати.