Ученици од прва година од СОУ Гимназија “Мирче Ацев” со професорката по хемија Ружа Ангелеска “се прошетаа” во Витаминка и Прилепската пиварница. Развивајќи ја самоиницијативноста, креативноста и способноста за истражување во склоп на проектната активност “природни науки – хемија”, учениците ги откриваа дел од производствените процеси и физичко-хемиските лаборатории во двете компании.
Запознавајќи се со начинот на производството, добија реална претстава за содржината на продукцијата.
Домаќините не штедеа, тука на младите им понудија дегустација на своите производи.