ОУ “Кочо Рацин”
Првоодделенците од 1а од ОУ “Кочо Рацин” создадоа уметничко дело од пластични капачиња за да конкурираат на “Trash for art 2014” во Скопје. Наградите на фирмата Пакомак се привлечни – од 15 до 50 илјади денари. А целта на конкурсот е подигање на свеста за чиста и здрава околина преку неограничената можност отпадниот материјал да се претвори во уметничко дело.
Идејата ја помогнаа родителите кои обезбедија преку 1600 искористени пластични капачиња, испраќајќи ја пораката на децата “Чиста природа – среќно детство”.