МИЛЕНИУМСКА ВЕЧЕР ЗА ИЛЈАДАГОДИШЕН ПРИЛЕП

Утревечер

Милениумска вечер која од 20 до 3 часот ноќта меѓу 20 и 21 декември ќе содржи повеќе концерти, филмски проекции, изложби, театарски претстави, перформанс, трибина… за 1000 години од постоењето на градот. Најмногу од манифестациите се во ЦК “Марко Цепенков”.

Стартот е со изложбата на Филип Перески од 20 часот, потоа ќе настапи музичкото училиште со концерти во двете галерии на Центарот. Од 20 часот во киното “Мис Стон” стартува филмскиот маратон со филмот “Што сме му згрешиле на Бога”. Во 22 часот ќе настапи Октетот Прилеп, а од 23 часот ќе се прикаже македонскиот филм “До Балчак”.

Во театарот “Војдан Чернодрински” од 22 часот по 99 пат ќе се одигра комедијата “Од кол на кол 1”.

Во седумчасовната милениумска вечер ќе работат ликовното студио при што уметниците ќе се дружат,а ќе твори и Младинското драмско студио.

Во одбележувањето на десетвековието на градот се вклучуваат и Заводот и Музеј. Археолошката поставка и Меморијалниот Музеј 11 Октомври ќе бидат отворени од 18 часот до полноќ, а во Библиотеката, по 20 часот ќе има трибина на тема “1000 години Прилеп во колективната меморија за Самоиловата држава – 1000 години јубилеј од Битката на Беласица и смртта на цар Самоил”. 

– Манифестациите за илјадагодишнината ќе се заокружат со монографија за градот, која ќе биде пресек на најважните активности во милениумското живеење на Прилеп – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Loading