КАТОЛИЧКИ БОЖИК ВО ГЕРМАНСКАТА АМБАСАДА

ОУ “Блаже Конески”

Tri vo edno vo SkopjeНа покана на амбасадата на Германија во Македонија и како резултат на плодната соработка, учениците од осмите и деветтите одделенија од литературната, историската секција и секцијата по германски јазик од ОУ “Блаже Конески” беа гости во Скопје пред прославата на католичкиот Божик. Учениците од секцијата по германски јазик со наставниците Евгенија Ангелеска и Катерина Јонческа се вклучија во хуманитарните активности донирајќи храна и разни продукти за бездомниците и на оние на кои им треба помош.

Литературната секција со наставниците Виолета Христовска и Марија Крстеска се сретнаа со книжевниците Тарапуза, Русјаков и во клубот Младинска книга имаа литературно читање.  Најдоа време и да засадат дрвца во Скопје.

Историската секција со наставниците Горјан Василевски, Дејан Ангелески и Марјан Дукоски го посетија Музејот на револуционерната борба во Скопје.

Loading