ТРЕТО МЕСТО ЗА “ЕКО МАЈМУНЧИЊАТА”

,,Majmuncinja,, sobiraa bateriiТретото место за најдобар тим во проектот “Гоу Грин” го освоија шестмина “еко мајмунчиња” средношколци од еко Манкис клубот, од СОУ “…Ричко”, Ѓорѓи Сиракоски, Роберта Ацеска, Игор Гагалески, Симона Наумоска, Верица Попоска и Маја Ристеска. Тие собраа 75,6 кг. батерии за натпреварот, преку кој младите се вклучени во раст на сфаќањето за важноста на рециклирање на батериите и нивната штетност како електрохемиски елементи. Натпреварот имаше цел да се рециклираат што повеќе батерии, а финалната рунда беше на лидерскиот камп во Охрид.

Покрај тимската награда, средношколецот Ѓорѓи Сиракоски од СОУ “…Ричко” на државно ниво беше избран во шестте исклучителни поединци – лидери, во конкуренција од вкупно 90 апликанти.

– Седум месеци агилно работевме и покажавме дека ја сфативме предноста од рециклирање на батериите и нивно собирање и складирање во специјални туби. Во спротивно, доколку се фрлаат на погрешно место, последиците се одразуваат на нашето здравје – вели Сиракоски.

Координатор на проектот беше Пеце Спасески.

Loading