РОДИТЕЛИ И НАСТАВНИЦИ КРЕИРАА СЛИКОВНИЦИ

ОУ “Блаже Конески”

Nastavnici i roditeli sozdavaa slikovniciВо ОУ “Блаже Конески” се одржа обука на наставници од одделенска настава што е дел од проектот “Со читање до лидерство”. Креативната работилница ја водеше претставник на тимот Петра од  Охрид, на која учествуваа и родители. Се потенцира важноста на книгите и читањето во животот на секој човек, особено на децата.  Општа е констатацијата дека книгата во печатена форма е сé помалку присутна во рацете на најмладите, па затоа се разработија неколку креативни техники да влијаат на зголемување на интересот за читање. Родителите и наставниците изработија инвентивни сликовници со различни форми и големини.

– Книгата е непресушен извор на знаења. Најмладите се  оддалечуваат, па наша задача е постојано да се обидуваме да им ја доближеме на децата. Развивајќи ја љубовта кон содржините меѓу кориците се градат подобри личности кои се наше огледало. Совладавме нови техники корисни за мотивирањето на децата да станат читатели. Сликовниците и донираните работни материјали ќе ги вклучиме во наставата – рече наставничката Габриела Стевананџија.

Loading