МЕДИЦИНАРИТЕ КАЈ ПЕНЗИОНЕРИТЕ

СОУ “Ѓорче Петров”

Medicinari merat krven pritisok i seker vo krvta kaj penzioneriУчениците од здравствената струка од СОУ “Ѓорче Петров”, за Светскиот ден за борба против дијабетесот, им мереа крвен притисок и шеќер во крвта на станарите на Домот за стари и изнемоштени лица и на членовите на Здружението на пензионери. Идните медицинари предаваа за опасностите од дијабетесот и делеа флаери кои сами ги изработија. Драмската секција, со менторката Билјана Тинтоска, измами насмевки кај штитениците со скечовите “Ученици за пример” и “Хармонично семејство”. Со неколку музички точки на Ангела Велкоска се разби монотонијата кај лицата од третото доба. 

Акцијата е традиционална. 

Loading