ДИГИТАЛИЗАЦИЈА НА УЧИЛИШТАТА ПО ПРИМЕРОТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Втор меѓународен симпозиум за директори

– Во пресрет на дигиталното училиште седум целодневни предавања од врвни предавачи меѓу кои и Cambridge University Press

Novi soznanija za e-ucenja  - Marija DuleskaМеѓу 190 директори на училишта од Словенија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Македонија, учествуваа шестмина прилепчани на меѓународниот симпозиум “Truly digital school” (Вистинско дигитално училиште) во Охрид. Четиридневната обука на првите луѓе од ОУ “Блаже Конески”, “Климент Охридски”, “Кочо Рацин”, “Ордан Михајловски – Оцка”, “Страшо Пинџур” и “Круме Волнароски”, е втор симпозиум во организација на издавачката куќа Rokus Klett, по ланскиот прв симпозиум во Крањска Гора, Словенија, со наслов “Во пресрет на дигиталното училиште”, каде што раководителите се едуцираа за е- учење. 

Она што лани беше најавено како идеја, ОУ “Блаже Конески” го постигна и изврши дури три меѓународни вмрежувања. За соработка во здружени проекти се поврза со училишта од Словенија, од Седларе, Србија и од Перник, Бугарија. Училиштата – партнери најавија дека ќе ги почестат со присуство на Меѓународниот карневал Прочка 2015.

На седумте целодневни предавања на симпозиумот имало разни еминентни предавачи на е-теми, дигитални содржини и апликации кои со стручните презентации и предавања ќе влијаат за стручно усовршување и за стекнување на меѓународни искуства по примерот на данскиот е-модел на е-училишта или на е-училиштата по програми од Cambridge university Press.          

Prilepskata ekipa od direktori na megunaroden simpozium– Првото предавање беше за е-училиштата од Холандија, по системот на Steve Jobs, за визуелното учење. Беше укажано за употребата на iPADs со повлекување на учениците во тивка област во една училница да учат индивидуално. Второто, од страна на Louise and Rikke – the Clio on-line system и по примерот на данскиот модел за е-учење од 2006 година беше презентирана нивната Clio on-line апликација. Третото предавање беше од страна на предавач од Paul Rogers school со користење на апликацијата I can learn English, при што на еден забавен начин беше презентирано како може да се изучува еден странски јазик, на пример англискиот, со примена на европската заедничка референтна рамка за изучување на јазиците по нивоа и како да се користат многуте апликации на веб страницата www.littlebridge.com. Ч етвртото предавање упатуваше на примена на бесплатни електронски учебници за учениците од прво до трето одделение со користење на апликацијата lilibi.si за изучување на странски јазик, за да им се понудат на учениците различни видови на активности со кои ќе им се олесни учењето, а ќе се чувствуваат и многу посреќно. Петтото предавање беше за редефинирање на улогите, додека технологијата се трансформира и напредува и го менува образовниот систем со примена на DynED tehnologija и беше покренато прашањето “Дали ние сме спремни за промена?”. Шестото предавање беше од страна на Матеј Урбаниќ, претставник на издавачката куќа Rokus Klett, за е-учењето преку примена на е-учебникот Биологија 8, кој го поттикнува активното учење и беше нагласено да се посетат веб страниците со слични такви е-учебници по словенечкиот пример за блендирано учење. Последниот, можеби и најсестраниот предавач беше од Cambridge university Press за Super minds online resourses за креирање на блогови каде ќе се споделуваат нивните идеи заедно со е-материјалите и интерактивните позитивни е-практики. Успешно го следиме моделот на проектот на Владата, “Компјутер за секое дете”. По примерот на високо развиените земји во пресрет на дигиталното училиште да продолжиме и понатаму позитивно да размислуваме за унапредување на е-содржини во секој контекст на наставата за да постигнеме и вистинско дигитално училиште. Задоволство беше да се биде меѓу одлични предавачи и презентери на е-содржини и е-апликации за да се направи учењето поефикасно и полесно, а и многу позабавно. Искуствата се на високо ниво, стандардизирани и европски прифатени и имплементирани – ги пренесе впечатоците Марија Дулевска, директорката на ОУ “Блаже Конески”.

Третиот меѓународен научен симпозиум на Rokus Klett е најавен да се одржи во Солун, Грција.

Loading